Луѓето се свесни кога ќе умрат и знаат што се случува околу нив, тврди нова медицинска студија. Човечкиот мозок останува активен дури и кога срцето и другите витални органи ќе престанат со работа, и лицето кое ќе почине, кратко време е свесно дека е мртво и што му се случило.
Врвните експерти и доктори со векови спорат околу тоа што се случува со мозокот, откако човечкото тело ќе умре.
Најновите истражувања покажуваат дека по моментот на клиничка смрт, лицето би можело да остане свесно дека е мртво толку долго, што и самото слуша дека го прогласуваат за мртво. Експертите сега тврдат дека човековиот ум останува свесен за околината и по физичката смрт, односно откако срцето ќе престане да пумпа крв, а мускулите и нервите ќе престанат да функционираат.
Ова сознание значи дека луѓето се всушност заробени во сопственото мртво тело, додека мозокот уште кратко време е жив и функционален.
Лицата кои преживеале тешки срцеви удари биле свесни за она што се случувало околу нив за време на траењето на индуцираната кома, пред докторите да ги симнат од респираторите и да “ги вратат во живот”.
Др. Сам Парнија ја изучува свесноста и несвесноста по смртта и за време на тешките срцеви удари. Тврди дека луѓето во првата фаза на смртта, веднаш по откажување на виталните органи, се уште остануваат свесни за она што се случува околу нив.
Овие тврдења се темелат на низа опити и студии на случаи во Америка. По разговорите со преживеаните, кои претрпеле инфаркт, се дознало дека голем дел од лицата се сеќаваат на се што се случувало околу нив во моментите кога нивното срце не чукало.
Лицето официјално се прогласува за мртво, кога срцето престанува да му чука и на тој начин се утврдува времето на смртта, пренесува news.com.au.
Поврзани артикли