Instagram започна со тестирање на хоризонталниот приказ на feed-от, суштински различен од вертикалното „скролање“, карактеристика која оваа платформа ја има од нејзиното лансирање.
Истата функција беше тестирана во октомври оваа година во категоријата Explore. Сега се чини дека таа постепено се шири кон профилите на поголем број корисници.
Новиот начин на прикажување на сите објави се претвора во голема Instagram Story, и за да дојдете до следната содржина потребно е еднаш да допрете на екранот.
Ова е прилично голема промена за корисниците на Instagram, навикнати на стариот вертикален приказ. Во хоризонталниот преглед, акцентот е ставен на една слика (или реклама) во дадено време. Можете само да гледате поединечен пост, и коментарите се поистакнати.
Исто така е многу потешко да го прелистувате feed-от, бидејќи, како што веќе наведовме, можете да прегледаувате само една објава. Сепак, со овој начин полесно е да се дојде до Stories делот, со повлекување на вашиот прст по екранот од нагоре надолу.
Адам Мосери, главниот менаџер на Instagram, објави твит дека се работи за тест кој опфатил повеќе корисници од планираните. Од Facebook веднаш стигна демант дека се работи за грешка во програмирањето која е брзо поправена.