Добро познатиот профил на Твитер кој ги следеше движењата на авионот на Илон Маск е суспендиран.

Твитер трајно го суспендираше профилот @ElonJet каде студентот Џек Свини објавуваше информации за движењата на приватниот авион на Маск.

Свини користеше јавно достапни податоци за летот како извор, а следеше и други познати личности.

Неодамна, Свини објави дека Твитер ја ограничил видливоста на неговиот профил, а подоцна објави дека се се вратило во нормала. Меѓутоа, тој сега е дефинитивен баниран, а отстранет е и приватниот профил на Свини.

Твитер потоа објави промени во политиката за забрана за објавување на моменталната локација на луѓето.

Пред да го купи Твитер, Маск му понудил на Свини 5.000 долари за да престане да објавува информации за неговиот авион, но тој побарал 50.000 долари, па немало договор.

Иако Маск во ноември посочи дека нема да го суспендира споменатиот профил иако го сметаше за „директен личен ризик“, профилот на крајот беше забранет.