Essential компанијата основана од Енди Рубин на 25 август ќе го одржи својот прв промотивен настан во Лос Анџелес каде корисниците ќе може за прв пат да го погледнат мистериозниот Essential PH-1 смартфон кој ќе има модуларни додатоци и камера со агол од 360 степени.

Со оглед на тоа што требаше да започне со продажба во јуни, Енди Рубин се чувствува должен да идокаже на јавноста дека Essential Phone навистина е пуштен во производство. Креативниот претприемач објави фотографии на дело од производството на смартфонот, за кого ќе објави детали за продажбата во наредната недела.

Проектот на основачот на Android привлекува големо внимание во технолошката јавност, но досега нема ниту еден прототип кој е достапен јавно за тестирање, па така и можностите на Essential PH-1 смартфонот засега се мистерија, но не за долго.

https://twitter.com/Arubin/status/895357116277342208?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.smartportal.mk%2Fhardver%2Fmobilni-i-tableti%2Fessential-phone-25-avgust%2F

Телефонот  има исклучителен дизајн со многу мала рамка околу дисплејот и врвни спецификации. Процесорот e Snapdragon 835, помогнат од 4 GB рам меморија и 128 GB простор за податоци. Дисплејот, главната карактеристика на Essential Phone, има големина од 5,71 инчи и висока резолуција од 2.560х1.312 пиксели.

Камерите на Essential не се особено импресивни на хартија, но останува да видиме колку извадиле од задниот сензор до 13 мегапиксели и предниот со 8 мегапиксели инженерите во компанијата. Батеријата има 3.040 mAh часа, што е прилично малку за толкав телефон и е веројатно најголемиот недостаток на овој смартфон, барем на хартија.