Причината е едноставна, сè поригорозната европска регулатива за емисии.

Во интервју за Automotive News, првиот човек на Mazda за Европа, Џеф Гајтон, потврдува дека планот на брендот за Стариот континент е да понуди широк спектар на сите електрични и хибридни модели со цел да се избегнат какви било санкции или парични казни од страна на ЕУ. Што се однесува до хибридните автомобили, Mazda ќе ги користи своите нови SUS единици со технологијата Skyactiv-X во комбинација со електричен мотор.

Џеф Гајтон вели дека SKYACTIV-X технологијата ќе дебитира следната година на салонот во Женева, како и тоа дека од следната година сите модели на Mazda во Европа треба во понудата да имаат најмалку благ хибриден погон. Целосно електричен автомобил е планиран за 2020, а plug-in hybrid за 2021 година.

Запрашан дали електричните автомобили ќе бидат исплатливи за Mazdа, Гајтон има прецизен одговор.

„Ние нема премногу да се потпираме на електрични модели. Истражувањата покажуваат дека електричните и хибридните автомобили се продаваат во голем обем само каде што има големи државни субвенции“.

Првиот човек на Mazda во Европа потврдува дека првиот e-Mobil на брендот ќе биде производ на нивната сопствена технологија, додека автомобилите кои доаѓаат од соработката со Tоyota во оваа област ќе дојдат подоцна, по 2021 година. Тој посочува дека дизелот сè уште не го кажал последниот збор за автомобилите на Mazda.

Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас