Иноваторки од Факултетот за технолошки науки во Нови Сад, Србија, ја претставија својата апликација „Сајн-Војс“, која усниот говор го преведува во знаковен јазик.

Новитетот е претставен на меѓународен натпревар во Париз, на кој девојките со својата иновација освоија трето место.

Оваа апликација за паметните телефони на лицата со оштетен слух ќе им помогне во комуникацијата со други луѓе, но и за следење радиосодржини, филмови без превод и ТВ-емисии.