Instagram станува сè попопуларна социјална мрежа, а за тоа во голема мера придонесоа познатите светски ѕвезди кои објавуваат фотографии од нивните приватни животи.
Во 2018 година се издвои една фотографија која собра најмногу лајкови. Станува збор за фотографија на Кајли Џенер која првпат објави дека станала мајка со фотографија од бебето. Имајќи предвид дека таа успеа да ја скрие бременоста од јавноста, фотографијата направи бум и собра над 18 милиони лајкови.
На второ место се најде Џастин Бибер и неговата фотографија со која објави дека се свршил со Хејли Болдвин.
На трето место повторно е фотографија на Кајли Џенер со нејзината ќерка Сторми.