Тајванскиот производител HTC за следната, 2019. година подготвува премиера на неколку нови уреди од средната класа и премиум сегментот. Благодарение на нив, НТС ќе се обиде да ја прошири својата позиција и да стане повлијателно име во мобилната индустрија.
Информацијата е потврдена од претседателот на HTC Таiwan дивизијата, Дарен Чен, пренесува Digitimes.
Фокусот на стратегијата ќе биде проширување на портфолиото U12 + во 2019 година. Ова значи дека сигурно ќе го видиме наследникот на актуелниот НТС предводник во првите недели од новата година.
Иако не се продава многу, HTC U12+ е солиден паметен телефон кој нуди интересни функции како моќен процесор, двојна камера и 128GB вградена меморија.
Компанијата, исто така, се чини дека ќе обрне посебно внимание на моделите од средната класа.
Повеќе за плановите на НТС ќе дознаеме за време на Саемите CES 2019 и MWC 2019 што ќе се одржат во јануари во Лас Вегас и во февруари во Барселона.
Компанијата ќе се обиде да стане повлијателно име не само во сферата на смартфони, туку и на пазарот на очила за виртуелна реалност, каде што има силни позиции. Првиот блокчеин уред, исто така, има потенцијал да стане дополнителен извор на приходи за HTC