Според Counterpoint Research, во третиот квартал и натаму расте пазарот на таканаречените feature phone мобилни уреди, благодарение на предностите како што е времетраењето на батеријата и поддршката за 4G мрежи.
Во текот на третиот квартал, овие уреди сочинуваа 23 проценти од сите испорачани мобилни телефони на глобално ниво, за разлика од пазарот на паметни телефони, кој стагнира и бележи пад на испораките.
Причината за растот на популарноста на feature phone уредите треба да се побара во автономијата на батеријата на овие уреди (кои се популарни во краиштата кои имаат поограничен пристап до електрична енергија).
За популарноста за feature phone уредите (посебно во земјите во развој) помага и фактот дека многуте такви уреди доаѓаат со поддрша за 4G мрежи и апликации како што се WhatsApp, Facebook и YouTube. Најголемиот удел на feature phone uredite се наоѓа во Индија и во регионот на Блискиот исток и Африка (оваа област воедно бележи и најголем пораст на бројот на испорачани feature phone уреди од 32%).
Што се однесува до производителите, на пазарот доминираат iTel и HMD Global со удел од 14 проценти, по што следува Jio со удел од 11%, Samsung е со удел од 8 проценти, а Tecno со удел од 6 отсто.