Технолошката компанија Google инвестира повеќе од една милијарда евра за проширување на бизнисот во Њујорк.

Рут Порат, потпретседателката и финансиска директорка на Google и Alphabet, објави на блог дека Google гради центар од 158.000 метри квадратни долж реката Хадсон во долниот дел на Менхетн.

Хадсон сквер на Google ќе биде примарната локација за бизнисот во Њујорк.

Google ја отвори својата прва канцеларија во Њујорк пред речиси 20 години и сега има повеќе од 7.000 вработени во тој град.

Компанијата се надева дека ќе се всели во новиот центар до 2020 година.

Планот за проширување на Google беше објавен еден месец откако Амазон соопшти дека ќе го отвори своето второ седиште на Лонг Ајленд во Њујорк.