Новите истражувања на НАСА потврдуваат дека Сатурн ги губи своите легендарни прстени со максималната стапка проценета од набљудувањата на Војаџер 1 и 2, направени пред неколку децении. Прстените се привлекуваат кон Сатурн поради гравитацијата, како дожд од честички на мраз под влијание на магнетното поле на планетата, пишува Science Daily.
“Ние проценуваме дека овој “прстен од дожд“ цеди количина на вода која би можела да пополни олимписки базен од прстените на Сатурн за половина час“, изјави Џејмс O’Донахју од Годард центарот за вселенски летови на НАСА во Гринбелт, Мериленд.
“Само поради ова, целиот систем на прстени ќе исчезне за 300 милиони години, но додадете ги на ова и проценките на вселенскиот брод Касини и прстените имаат помалку од 100 милиони години живот. Тоа е релативно кратко во споредба со возраста на Сатурн од преку 4 милијарди години“, вели научникот, кој е водечки автор на студијата за прстените на Сатурн што се појавува во магазинот “Икар“.
Научниците долго време се прашуваат дали Сатурн е формиран со прстените или пак планетата нив ги стекнала подоцна во животот. Новото истражување го фаворизира второто сценарио, предвидувајќи дека тие веројатно нема да достигнат старост од 100 милиони години.
“Имаме среќа што можеме сега да го видиме кружниот систем на Сатурн, кој се чини дека е во средината на својот живот. Меѓутоа, доколку прстените се привремени, тогаш можеби сме пропуштиле да видиме гигантски системи од прстени на Јупитер, Уран и Нептун, кои денес имаат само тенки прстенчиња“, додал О’Донахју.