Коскената срж, сунѓересто ткиво во внатрешноста на нашите коски, произведува црвени крвни клетки, имунолошки и друг вид на клетки кои помагаат во борбата со инфекции, како и при заздравувањето на раните.

Но, според ново истражување, откриено е дека има микро тунели кои што ја поврзуваат коскената срж во черепот со мозокот, со што произведуваат директен пат за имунолошките клетки да поправат повреди произведени од мозочен удар или друга болест на мозокот.

Ова откритие отвара врата кон сосема нов пристап на лечење болести и повреди кај мозокот.