Чудото било направено од карпи кои луѓето ги пренесувале речиси два километри

Истражувањето објавено во списанието PLOS One докажува дека токму овој ѕид е најстариот систем за одбрана од море на светот. Според зборовите на лидерот на истражувањето, Ехуд Гали, станува збор за велеченствено достигнување од периодот на неолитот.

Граден бил според големите климатски промени кои тогаш ја погодиле планетата. Имено, новото на морето постојано се зголемувало поради загревањето кое настапило по завршувањето на леденото доба. Водите на Медитеранот растеле до седум милиметри годишно. Тоа значи дека нивото на морето во текот на траењето човековиот живот растело и до 20 центиметри.

“Стапката на раст е јасен показател за зачестените разорни поплави. Изгледот на селата се менувал под влијание на природните фактори, а со самото тоа и начинот на живот на луѓето. Морале да пронајдат решение поради морето кое постојано се заканувало. Затоа бил изграден и заштитен ѕид кој потсетува на многу современи системи за одбрана од поплави”, објаснува професорот на Универзитетот од Хаифа, Ехуд Гали.

Древната населба Тел Хреиз била откриена во 60-тите години од минатиот век, а првите анализи на древниот ѕид започнале во 2010-та година во Израел. Бил висок три метри, но одамна подлегнал на гневот на морето. Брановите на одредени места ги пробиле карпите и камењата.

И покрај големата борба против природата, жителите на Тел Хреиз го напуштиле своето село. Ѕидот бил оставен на милост и немилост на морето, а на крајот се нашол во длабочините на Медитеранот. Сепак, останува забележано дека ова е прв пример на одбрана на населбите од морињата во историјата на човештвото.

Проблемите со кои денес се соочува човечкиот род се слични на проблемите на луѓето од времето на неолитот. Се очекува дека глобалното затоплување во наредните години ќе влијае на животот во приморските градови.

Извор: Telegraf.rs