Nissan ќе го лансира концептот електричен кросовер IMx во сериска верзија. Според шефот на европскиот дизајнерски центар на брендот, Мамору Аоки, овој модел се очекува да направи нов пробив кај електричните возила и се очекува да биде меѓу најбараните како и моделот Leaf.

Прототипот Nissan IMx дебитираше на Салонот за автомобили во Токио во есента минатата година. Изграден е на нова шасија создадена од Јапонците специјално за електрични возила. Концептот има два електрични мотори со вкупна моќност од 435 КС и батерија која овозможува километража од 600 километри.

нов пробив

Во опремата на кросоверот влегува систем за полуавтономно управување Инструменти панел со органски диоди и „паметен” систем за управување на електричната енергија, која при вклучување во розета овозможува враќање на вишокот на енергија во вкупната мрежа.

нов пробив

Сериското производство на Nissan IMx ќе започне за две години. За разлика од моделите со мотори со внатрешно согорување, електричниот кросовер ќе биде попростран. Ова ќе се постигне со распоред на подот и поместување на компонентите на системот за климатизација напред.

Вкупниот концепт на ентериерот ќе дава одраз на јапонски пристап кон дизајнот и архитектурата – по аналогија со традиционалните домови во земјата ќе се нуди максимална функционалност и комфор. За внатрешноста ќе се користат дрво и мат пластика.