NHS апликацијата која е креирана да им помогне на корисниците кои боледуваат од депресија и другите ментални потешкотии, наиде на критика на стручната јавност, а откако не реагираше на пријавите на насилство и посериозни ментални компликации.

Четботовите Wysa и Woebot функционираат со помош на вештачката интелигенција, а пред се им се наменети на тинејџерите кои поминуваат низ некој тежок период. Неодамна се дојде до сознание дека ботовите игнорирале сериозни пораки кои говорат за сексуалноти физичко насилство, и на нив одговарале со шаблонски пораки. Ботовите правеле промашувања и во случаите на други проблеми, и на корисникот кој пробал да пријави нарушување во исхраната, а во рамките на пораката во која пишува дека „едвај чека да го поврати она што изел”, одговарале со „Секогаш е убаво кога ќе научиме повеќе за себе и за работите кои те прават среќен”.

Експертите предупредуваат дека ваквите апликации можат да донесат повеќе штета отколку корист, а посебно кога се во праашње младите, кои се во ранлив период од животот, и истакнуваат дека е важно оние со поголеми проблеми навреме да се насочат кон тоа да побараат стручна помош.