Кинеската компанија Ulefonе го најави првиот модел кој ќе работи на 5G. Станува збор за моделот Armor 6, за кој верува дека ќе биде првиот 5G мобилен телефон во светот.
Уредот ќе се базира на осумјадрен Helito P60 чипсет на Mediatek, а поддршката за новата генерација на мрежи ќе биде обезбедена од новиот модем Helio M70. Смартфонот ќе биде опремен со 6,2-инчен дисплеј, батерија со капацитет од 5000 mAh, 6 GB RAM, 128 GB вградена меморија, двојна главна камера со 21 + 13 мегапиксели, како и 13-мегапикселна предна камера. Телото на смартфонот ќе обезбеди заштита од вода, прашина и удари.
Тестирањата на Armor 6 се очекува да започнат во вториот квартал од 2019 година, бидејќи партнер на Ulefone ќе биде кинески мобилен оператор. Продажбата на уредот се очекува да започне во третиот квартал од следната година. Судејќи според информациите, компанијата може да понуди и 4G верзија на мобилниот телефон што може да биде достапна на пазарот и порано.