Додека чекаме стабилна верзија на инсталацијата на One UI корисничкиот интерфејс, базиран на Android 9.0 Pie оперативниот систем, јужнокорејската компанија ни прикажа видео на кое беше демонстриран новиот интерфејс.
Самото видео е прилично интересно и се фокусира на главните принципи при кои се водеше Samsung во текот на креирањето на One UI: подобра употреба на една рака, минималистички приказ, интуитивна интеракција со содржините и фокусирање на она што е битно на екранот.
https://youtu.be/X3LVk0i6bY4
Новиот One UI би требало во текот на јануари да стане дел од премиум телефоните на Samsung, Note9 и Galaxy S9/S9+, а во некој период подоцна ќе пристигне и на минатогодишните Galaxy S8/S8+ и Note8 модели.
Поврзани артикли