По сите домашни апарати за подготовка на леб, мафини, крофни и останато, на ред е и апарат за подготовка на домашно пиво. Корејската компанија LG Electronics на саемот за нови електронски уреди CES 2019 во јануари во Лас Вегас ќе го престави првиот кујнски апарат за производство на пиво.

Уредот, наречен LG HomeBrew, го поедноставува процесот на вриење со користење на капсули за еднократна употреба и оптимизиран алгоритам за ферментација.

Освен тоа LG HomeBrew е опремена со удобен самочистечки механизам кој не само што ги отстранува сите пречки при чистењето, карактеристични за традиционалниот метод на домашно подготвување, туку и гарантира дека машината ќе се одржува чиста до дел.

Капсулите за еднократна употреба содржат слад, квасец, хмељ и ароми. По пополнување на капсулата, корисникот треба само да притисне копче и сите последователни процеси ќе се извршат автоматски. Покрај тоа, корисникот може да ја следи подготовката на пијалаци со мобилна апликација достапна на Android и iOS.

Според производителот, оптимизираниот ферментациски алгоритам овозможува фина контрола на процесот, температура и притисок. Со овој апарат ќе може да се подготвуваат и до пет најразлични видови на пиво.