Сондата „Паркер” наменета за поблиско истражување на Сонцето, ја преживеа својата прва блиска средба со Сонцето.

Сондата беше лансирана на 12 август и веќе се закити со статусот на најбрзо вселенско летало и најблиску направен прелет до Сонцето, споредено со сите претходни вселенски мисии. Во наредните седум години планирано е таа да направи 24 блиски прелети крај Сонцето, за на крај да се спушти на само 6 милиони километри над сончевата површина.

Доближувањето ја донесе на 15 милиони милји од површината на Сонцето (што е многу помало растојание од она меѓу Меркур и Сонцето). Сондата се движеше со брзина од 213.200 милји на час, што е најбрзо движење на некој вселенски брод направен од човекот.

А на следната фотографија можеме да фрлиме поглед на тоа како изгледа површината на Сонцето и другата атмосфера од таа оддалеченост.

На фотографијата може да се забележи една бела точка во средината. Тоа е Јупитер, во позадина.

„Паркер“ се обидува да одговори на неколку големи прашања за нашата ѕвезда, на пример, зошто короната на Сонцето е толку жешка во споредба со површината под неа и како соларниот ветар се забрзува толку брзо?