Според пишувањето на интернет страницата SamMobile, Samsung подготвува нов Galaxy Tab A таблет од entry-level сегментот кој засега е познат по кодното име SM-P205.
Според пишувањето на интернет страницата SamMobile, компанијата Samsung подготвува нов таблет уред, кој би требало официјално да биде претставен на идниот MWC во февруари следната година. Новиот таблет засега е познат само под кодното име SM-P205 и би требало да и припаѓа на Galaxy Tab A серијата уреди.
Се очекува тоа да биде таблет од entry-level сегментот, соодветно на што би требало да има LCD екран, алуминиумско куќиште со не многу тенки рамки, една камера од задната страна и 32 GB интерна меморија за складирање податоци.
Покрај откривањето на информации за постоење на самиот таблет, се споменува и неговиот фирмвер со ознака P205DXU0ARL4 (не е познато дали таблетот ќе се базира на оперативниот систем Android 9.0 Pie).