Поставен е нов кабел за брз пренос на податоци, кој се простира под Атлантскиот Океан, соопштија лидерите на технолошката индустрија и американски функционери.

На завршувањето на поставувањето кабел присуствуваа гувернерот на американската држава Вирџинија и двајца сенатори, како и претставници на фејсбук и мајкрософт.

Кабелот „мареа“ е долг над 6.000 километри, а се простира од шпанскиот град Билбао до Вирџинија бич и може да пренесе 160 терабајти во секунда, што е 16 милиони пати побрзо од просечната домашна интернет конекција.

Кабелот претставува заеднички проект на Мajкрософт, Фејсбук и компанијата Телксиус.