HMD Global официјално потврди дека го одложи излегувањето на својот флегшип паметен телефон Nokia 9 PureView за следната година, поради проблемите околу оптимизацијата на задната камера со пет леќи.
Официјалните лица на HMD Global потврдија дека нивниот најнов водечки уред Nokia 9 Pureview ќе стигне во продажба дури во првите месеци на следната година.
Како причина за одложувањето се споменуваат наводните проблеми со имплементација на фотографската компонента, базирана на PureView технологијата, која HMD Global не така одамна ја откупи од Microsoft.
Конкретно, се работи за проблеми во имплементацијата на задната камера, која се состои од вкупно пет леќи, а кои заедно настојуваат да ги решат HMD Global и нивниот партнер Foxconn.
Одлуката за одложувањето на Nokia 9 PureView моделот за следната година е донесена поради фактот дека финската компанија никако не сака да прави компромиси, што се однесуваат на камерата која ќе биде вградена во нивниот следен флегшип уред, па смартфонот повеќе сакаат да го претстават подоцна, кога ќе бидат решени настанатите проблеми.
Поврзани артикли