Веќе неколку производители најавија дека имаат во план да понудат паметни телефони со подобрени карактеристики на камерата.
Sony и Samsung најавија вградување на подобрени камери од 48 мегапиксели во своите паметни телефони, кои наскоро би требало да се најдат во продажба. Влијанието на овие две компании предизвика интерес и кај останатите производители, па уште неколку од нив најавија дека имаат во план да понудат смартфони со слични карактеристики на камерата, пренесува The Verge.
Honor неодамна го најави View 20, кој ќе го користи сензорот на Sony – IMX586 со Kirin 980 процесорот на Huawei и истиот дизајн на селфи камерата, како и кај претстојниот смартфон на Huawei, Nova 4, кој ќе биде објавен следната недела, на 17. декември.
View 20 е наследник на моделот View 10, уред со средна големина, со кој јавноста беше импресионирана претходно оваа година. View 20 ќе биде премиерно претставен на 22. јануари во Париз, додека кинеската варијанта ќе пристигне на 26. декември. Она што го знаеме е дека View 20 ќе биде поконкурентен, кога се работи за спецификацијата и дизајнот во однос на својата претходна верзија.
Во меѓувреме, Xiaomi исто така најави пуштање во продажба на телефон со камера од 48 мегапиксели во текот на следните месеци. Директорот на компанијата, Лин Бин на својата официјална страница објави фотографија од уредот со фокус на камерата од 48 мегапиксели.
Од Samsung и Sony, исто така, во изминатиот период беа објавени различни информации врзани за нивните сензори, односно најавуваа дека ќе имаат мали 0.8 микромилиметарски пиксели и дека ќе бидат физички поголеми од поголемиот број конкуренти со вкупна големина од 2.5-4 сантиметри.