Во интервју дадено за NBC, некогашниот најдобар светски велосипедист, американецот Ленс Армстрон, јавно проговори како успеа да се спаси од тотален банкрот. Имено, велосипедистот незнаејќи му дал на својот пријател, инвестотор, Chris Sacca, 100.000 долари во деновите кога имаше многу пари заработени од трките низ целиот свет, а овој ги инвестирал во тогаш се уште слабо растечката компанија Uber.

Lance вели дека токму оваа инвестиција го спасила неговото семејство по раскрчмувањето на заштедите по тужбите кои дојдоа како резултат на скандалот со допинг кој заврши до одземање на сите седум титули на Американецот освоени на Тур де Франс.

„Го сретнав Крис кога беше во Google или Twitter. Тој ми кажа дека бара инвеститори и дека е заинтересиран за вложување пари во еден интересен проект. Знаев дека тој е интелигентен човек со добри контакти. Зошто да не? Јас дури и не знаев што е тоа Uber. Мислев дека купувам акции од Twitter, но најголемата инвестиција беше за мал финансиски фонд. Му дадов 100.000 долари. Сега вредат многу повеќе, премногу добро за да биде вистина. Тоа го спаси нашето семејство“, вели Армстронг.