Не станува збор за снимање на нови епизоди од една од најпопуларните серии, туку Netflix плати 100 милиони долари за да може серијата да продолжи да биде достапна на овој стриминг сервис. Сопственик на правата на серијата Friends е компанијата WarnerMedia, која досега на Netflix му наплаќала „само“ по 30 милиони долари годишно за користењето на серијата, но цената драстично скокна на 100-ка заради зголеменото користење на стриминг сервисите низ светот. Плаќањето на голема сума на пари за Netflix е неопходно за да се задржи и прошири базата на корисници, а засега во САД има околу 57 милиони претплатници и дополнителни 130 милиони во остатокот од светот.

Netflix и Friends

Преговорите за продолжување на емитување на серијата на Netflix сервисот траеле неколку месеци, а една од пречките е планот на AT&T да започне со сопствен сервис за стриминг до крајот на 2019-та година. AT&T е сопственик на WarnerMedia, која ги има правата за емитување. Пред 6 месеци AT&T за цена од 85.4 милијарди долари ја купи компанијата Time Warner, а со тоа се здоби со компании како HBO, CNN и филмовите и студијата на Warner Bros, но и серии како Friends, Big Bang Theory, но и филмови како Wonder Woman.