Во текот на својата конференција за акционери, одборот на менаџери на Intel сподели некои информации за својот 7-нанометарски процес на производство на чипови. Компанијата исто така го спомена проблематичнио 10nm процес, кој сега е планиран за 2019. година (архитектурата првобитно беше најавена уште за 2016. година).
Кога е во прашање 10nm, потрошувачките процесори ќе имаат приоритет, а процесорите за податочните центри ќе се појават подоцна. Колку долго Intel ќе остане на 10nm архитектура, останува да се види, со оглед на тоа дека се повеќе производители најавуваат 7nm чипови.
Intel истакна дела 7nm EUV се развива паралелно со 10nm процес и дека моментно компанијата е многу задоволна како напредува развојот на 7nm архитектура. Лекциите се научени од искуството со 10nm процес, а компанијата дефинираше поинаква оптимизација, густина на транзистори и потрошувачка. Според оригиналните, интерни планови, Intel е многу заинтересиран за објава на 7nm чипови.