Компанијата на Елон Маск, SpaceX лансираше ракета со 64 мали сателити, што е најмногу во една мисија било кога.

Мисијата SSO-A е третиот лет на истата ракета Falcon 9 во вселената, што е уште еден рекорд на приватната вселенска компанија.

Ракетата полета од воздушната база Ванденбург во Калифорнија во 10:34 часот по локално време, носејќи сателити за 34 различни компании, владини агенции и универзитети.

Мисијата следуваше неколку дена откако Индија на една ракета пренесе 34 сателити.

По лансирањето, Falcon 9 се врати на Земјата, слетувајќи на брод покрај брегот на Јужна Калифорнија.

SpaceX, кој ја втемели основачот на компанијата Tesla, Елон Маск, за 7. јануари го подготвува првото лансирање на ракетата, која би требало да ги превезува астронаутите со Меѓународната вселенска станица ISS.