Јапонскиот производител планира целосно да ги отстрани дизел моторите од понудата на своите возила на европскиот пазар, а ќе ги замени со хибриден и електричен погон.
Во Honda сакаат до 2025 година две третини од возилата кои ги продаваат во Европа бидат модели со хибриден или електричен погон. Пред тоа, целта е целосна елиминација на дизелите од понудата, а крајниот рок за тоа е 2021 година.
„Секој следен Honda модел кој ќе пристигне во Европа нема да има дизел верзија“, вели Дејвид Хоџетс, директор на Honda во Велика Британија, која поединечно гледано е најголемиот пазар за автомобили на Honda на Стариот континент.
Хибридната верзија е опремена со интелигентна Multi-Mode Drive (i-MMD) технологија која автоматски го избира оптималниот режим на возење со цел да се постигне највисоката можна ефикасност.
Во EV Drive (електричен) режим, возилото се движи само со помош на електричниот мотор, а потребната енергија се добива од литиум-јонските батерии, додека бензинецот е исклучен. Во хибриден режим, бензинскиот мотор е активиран, но само како генератор на електрична струја, со цел да ги надополни батериите додека возите.
Во Engine Drive мод бензинскиот мотор се приклучува на квачилото и директно испраќа моќ на тркалата, додека вишокот на енергија се претвора во електрична енергија и се депонира во батериите.
Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас