Вештачката интелигенција на многумина од нас ни го промени начинот на живот. Таа влијае на тоа како патуваме, кои содржини ги пребаруваме на интернет, па дури и која храна ја јадеме. Меѓутоа, брзиот развој на технологијата отвора низа суштински прашања, истакнува директорот на Microsoft за правни работи, Бред Смит.
“Баш како што ниту еден поединец, компанија или влада не смеат да бидат над законите, ниту една технолигија не смее да биде над законот. Мислам дека ќе мораме да создадеме етички принципи, а потоа и закони, за да можат општествата да одлучат како да се применува таа технологија”, вели Смит.
Вештачката интелигенција сега има алгоритми кои се закануваат да ги надминат нивоата на човечката интелигенција и кои се користат во борбата против тероризмот и светската глад, како и во медицината.
“Многу најсовремени методи во имунотерапијата, на пример во областа на третирањето на ракот, се веќе засновани на вештачката интелигенција, а имаме и многу причини да веруваме дека тоа ќе продолжи и ќе се забрза”, додава тој.
Меѓутоа, напредокот во вештачката интелигенција, исто така значи дека пазарот на трудот ќе се преобрази и ќе стане многу потежок за нискоквалификуваните работници.
“Кога ќе дојдете во ресторан за брза храна кој има прозорец за возачите, во денешно време вашата порачка ја прима и внесува во компјутер – човек вработен во ресторанот. Мислам дека за пет години постои добра шанса ова лице да не ја извршува оваа работа и дека тоа ќе го работи компјутер, кој може да разбере што зборувате и да ги внесува нарачките”, истакнува Смит.
Тој додава дека за денешната работа сила од фундаментално значење и е да научи нови вештини, за да се адаптира и да биде успешна во новата ера.
Поврзани артикли