Компанијата за опоравување на податоци, DriveSavers има нова услуга. Имено, со оваа услуга тврдат дека можат да ги повратат чувствителните податоци од заклучените смартфони, вклучувајќи ги и тешко пробивните iOS уреди.
Услугата наречена Passcode Lockout Data Recovery се рекламира како регуларна потрошувачка услуга, а не за потребите на полициските истраги и сајберсигурносни работи.
Изворот на The Verge не беше во можност директно да ја потврди ефикасноста на оваа услуга, но тврди дека оди против многуте ветувања на Apple за сигурносна на нивните податоци.
„Оваа услуга им се нуди исклучиво на корисници кои ја заборавиле лозинката на својот уред, кој е заклучен по многуте погрешни обиди и за оние на кои им е потребен пристап до податоците на уредот од починатите членови на семејството”, стои во соопштението на компанијата.
Додадоа и дека други компании пружаат слични услуги за полициските служби, но дека тие се први кои оваа услуга ќе им ја понудат на корисниците.
Оваа услуга нема да им биде достаона на полициските службеници и ќе бара доказ за сопственост на уредот кој се отклучува. цената на услугата чини 3900 долари по уред, но компанијата тврди дека ќе ви го врати вашиот смартфон или таблет отклучен.
Зависно од ситуацијата, од нарачателите на услугата ќе се бара и некоја документација, како посмртница, судски документ итн.
Поврзани артикли