Оперативниот систем на Google, Android 9 Pie пристигнува на HTC U11 Lite, кој на тој начин ќе стане првиот смартфон кој ќе ја добие најновата голема надградба.

HTC U11 Lite се појави во текот на летото минатата година со оперативниот систем Android Nougat, а кратко потоа доби апдејт на Oreo. Меѓутоа, сега U11 Life ќе го престигне флегшип моделот на HTC, U12+ ќе добие надградба на Android Pie.

Сега кога U11 Life ќе добие Android 9 Pie, реално е да се очекува тоа да биде случај и со другите уреди на HTC во блиска иднина. Од компанијата е потврдено дека надградба во наредниот период ќе добијат уредите U12+, U11 и U 11+.