HMD Global минатиот месец го претстави Nokia 7.1 смартфонот, кој пристигнува со Snapdragon 636 процесор и две опции на меморија: 3GB RAM/32 GB интерна меморија и 4GB RAM/64GB. Европа на стартот ја доби послабата варијанта, додека dual-SIM варијантата со 4GB RAM ќе се најде во продажба од петок.
Кога телефонот првично беше објавен, моделот со 3GB/32GB чинеше 319 евра, додека 4GB/64GB варијантата имаше цена од 349 евра. Посилниот модел сега е забележан во Чешка, каде во претпродажба е достапен во уште пониска цена од 330 евра.
Nokia 7.1 е објавен како дел од Android One програмата, а сега CPO на компанијата HMD, Јухо Срвикас објави дека и Android Pie ажурирањето ќе пристигне на Nokia 7.1 моделот.