Од Twitter вчера беше потврдено дека социјалната мрежа добива нова опција, која би требало да ги заштити корисниците од навредливи твитови, коментари, па и навредлива содржина општо. Таа е наречена „Hide tweet“ и ќе им даде поголема моќ на корисниците да ја контролираат содржината на нивниот профил.

Опцијата „Hide tweet“ е дизајнирана за да им овозможи на луѓето да се ослободат од Twitter „тролови“ и твитови со навредлива содржина.

Преку неа, корисниците ќе можат да ги скријат одговорите кои не им се допаѓаат, а кои се напишани под нивниот оригинален твит. Останатите корисници и понатаму ќе можат да ги видат одговорите под твитот, но само откако ќе притиснат на „Show tweet“.

Инспирацијата позади „Hide tweet“ стои во постојаната борба на девелоперите на Twitter против навредливиот говор, контроверзните твитови и малтретирањето на социјалните мрежи.