Веќе знаеме дека Galaxy Note9 претставува одлична алатка за комуникација. Меѓутоа, според она што може да се види во новата реклама, која Samsung ја објави за својот најмоќен мобилен уред, Note9 е исто така и многу корисна бизнис алатка.

Рекламата со наслов “The Order”, ја следи компанијата која произведува велосипеди, а со помош на Galaxy Note9 моделот, вработените во компанијата на лесен начин ги пронаоѓаат потребните делови во магацинот, испраќаат барања до тимот за склопување и друго. Во текот на процесот на склопување, се применува и Augmented Reality, за да се види кој дел каде оди.

https://youtu.be/pZH9u1UtjWw

На крајот, по успешно извршените бизнис задачи, Samsung Galaxy Note9 повторно станува алатка за лична комуникација помеѓу корисниците.