Истражувачи од Универзитетот Калифорнија истражувале како луѓето можат да ги предвидат некои работи во животот. Откриле дека мозокот поседува два механизми за мерење на времето кои овозможуваат краткорочни предвидувања, пишува IFL Science.
Еден од механизмите, познат како временски интервал, се ослонува на минатите искуства и е поврзан со малиот мозок. Другиот е поврзан со базалните ганглии.
И малиот мозок и базалните ганглии. се важен дел во мозокот, кои се поврзани со движењето спознанието, сознанието. Истражувањето е објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences
„Било да станува збор за спортот, музиката или говорот, нашата студија укажува на тоа дека времето не е единствен процес, туку дека постојат различни начини на кои ги правиме временските предвидувања, а тие зависат од различни делови на мозокот“, истакнал Асаф Бреск, научник од Универзитетот Беркли.
За да го спроведат истражувањето, тим на научници имале за задача да ги проучуваат луѓето со Панкринсонова болест и оние кои пателе од церебрална дегенерација. Ги испитувале нивните реакции на знаци и стимуланси кои се појавувале на екранот.
Тие имале задача да предвидат кога ќе се појави зелен квадрат на екранот додека гледале низа на зелени, црвени и бели квадрати. Еден од низата имал стабилен ритам, а другиот нешто посложен. Парикнсоновите пациенти биле многу подобри во предвидувањата.
Студијата дава убедлив доказ дека луѓето имаат најмалку два внатрешни механизми за одредување на времето.
„Нашите резултати укажуваат на најмалку два различни начини на кои мозокот се развил за да може да ја предвиде иднината“, објаснил Асаф Бреск.
Човечкиот мозок е моќна работа, а ова истражување покажува негова способност да го дешифрира светот околу себе, на основа на знаците.