Huawei P Smart во првата половина на 2018. година беше еден од подобрите евтини смартфони, со две заднит камери, сензор за отпечатоци од прсти и full HD+ екран, а сега пристигнува нов модел.
Уште претходно имавме прилика да видиме докази за пристигнување на новиот модел P Smart (2019), а сега германската интернет страница WinFuture објави фотографии кои го откриваат неговиот изглед. Фотографиите покажуваат дека има засек на екранот во облик на капка, во кој е сместена една предна камера, додека од задната страна се наоѓаат две камери со AI технологија и LED блиц. AI технологијата значи дека може да се очекува препознавање на сцените, како и други можности, а добро е и што е избегнат стандардниот изглед на забок на екранот.
Најголема слабост на првиот модел на P Smart беше неговиот Kirin 659 процесор со Cortex-A53 јадра, но WinFuture пишува дека новиот модел ќе има нов Kirin 710 процесор со четири Cortex-A53 јадра и четири Cortex-A73 јадра.
Останатите спецификации вклучуваат 3 или 4 GB RAM, 32 или 64 GB интерна меморија, која може да се прошири со помош на microSD картичка, 6,2-инчен full HD+ LCD екран и батерија од 3.320 mAh. Се споменува и microUSB поврзливост и цена од 250 евра.