Американската вселенска агенција НАСА потврди дека ќе покрене истрага за употреба на дрога во компанијата SpaceX откако нејзиниот основач и главен извршен директор Елон Маск јавно пушеше марихуана за време на интервју во септември.
Директорот на американската вселенска агенција за летови со човечки екипаж Вилијам Герстенмајер изјави дека истрагата ќе биде насочена кон „се што би можело да влијае врз безбедноста“.
НАСА потврди дека во „следните месеци заедно со приватните партнери ќе спроведе истрага, со цел да се утврди дали компанијата ги испоплнува барањата на Агенцијата поврзани со безбедноста при работа и дали се почитува барањето за животна средина без дрога“.
SpaceX и Boeing се две компании кои НАСА ги избра од 2019 година да превезуваат астронаути во вселената.
SpaceX склучи договор со НАСА вреден 2.6 милијарди долари.