Популарните социјални мрежи Facebook и Инстаграм повеќе од 24 часа се во дефект ширум светот, а најмногу во Европа, што се почувствува и во Македонија.

Како што вчера беше пријавено на страницата Down Detector, корисниците не можат да се поврзат со серверот, не им поминуваат пораките или воопшто не можат да се најават.

Facebook Messenger на многумина во целост престана да им работи, а од утринава е отежнато и објавувањето на фотографии и видеосодржини.

“Проблемот се уште не е решен. Ништо не може да се отвори”, се некои од коментарите кои корисниците ги оставаат на веб-страницата Down Detector.

Од Facebook се огласија, истакнувајќи дека се запознаени со проблемите кои влијаат на одреден број нивни корисници.

“Свесни сме дека одредени луѓе имаат проблеми со пристап на Facebook и сродните апликации. Работиме на тоа да го решиме проблемот што е можно поскоро”, истакна портпаролот на Facebook.

Корисниците на Instagram, слично како и на Facebook, се соочуваат со потешкотии при испраќањето на пораки, а одредени постови и стории и невозможно да се отворат.