Snap ја подготвува третата генерација на своите Spectacles очила која донесува две камери, поддршка за проширена реалност, алуминиумско куќиште и цена од 350 долари.

Според порталот Cheddar, Snap  ја подготвува третата генерација на своите Spectacles очила со кодно име Newport, кои би требало да се појават на пазарот уште во текот на оваа година.

Третата генерација очила ќе пристигнат со две вградени камери, за разлика од првите две генерации кои имаа само една камера. Задржана е можноста за стримување видео во живо и тоа во HD резолуција.

Промената е и во материјалот кој е користен при производство на очилата, наместо пластика сега тука е алуминиумот.

Со оглед на постоење на две камери, третата генерација на Spectacles ќе добијат можности од областа на проширената реалност, што вклучува и уфрлање на можности во видеото снимено во реално време.

Новитет е и поголемата цена на очилата која би требало да изнесува 350 долари, во однос на втората генерација, која чинеше 130 американски долари.