Понекогаш се чини дека денес речиси сите уреди се “паметни”. Некои тој епитет го носат оправдано, некои баш и не. Но, ако некој “паметен” уред помага да останеме здрави и насмеани, тогаш тој епитет е и оправдан. Зарем не?

Компанијата Oral-B ја претстави интелигентната четкичка за заби Oral-B GENIUS. За разлика од класичните четкички за заби, оваа паметна четкичка е опремена со технологија за препознавање на положбата и сензорите на движење, а во комбинација со паметниот телефон и апликацијата се претвора во моќно орудие за одржување на здравјето на забите.

Користејќи ја апликацијата Oral-B 4.1 со која се спојува преку Bluetooth, во реално време дава повратна информација за начинот на четкање на забите во сите делови на усната шуплина. Исто така, наведува и колку долго треба да ги четкате забите и со кој притисок.

Имено, просечното време на четкање изнесува околу 46 секунди наместо препорачаните две минути, а истражувањата покажаа дека во текот на миењето на забите, дури пет пати повеќе ја притискаме четката отколку што би требало. Покрај тоа, воглавно пропуштаме да ги исчистиме баш сите места.

Дури и кога не е поврзана со апликацијата, четкичката Oral-B има во себе мерач, кој осигурува дека секој квадрант во устата се четка 30 секунди, што на крајот резултира со миење на забите во траење до 2 минути и 22 секунди.

Од Oral-B истакнуваат дека повеќе од 73 проценти кои ја користеле интерактивната честичка за заби го подобриле своето орално здравје (за само 6 недели). Исто така, кличките испитаници го намалија кариесот за 73 одсто во тешко достапните подрачја на четкање (во две недели).

Не е лошо за предметот кој сите го користиме секој ден и не размислуваме баш за тоа колку може да биде паметен.