Американската научна агенција НАСА планира нова мисија на Марс, а дел од неа е спуштање на ровер во корито на исушено езеро.
Кога роботот ќе пристигне на Марс осум месец после лансирањето во 2020 година, овој ровер со шест тркала НАСА ќе се обиде да го спушти во кратерот на езерото кој е широк 48,2 километрии и длабок 500 метри. Се верува дека кратерот всушност беше езеро пред 3,5 милијарди години, кое беше длабоко 244 метри.
НАСА планира да изврши бројни активности за време на мисијата која ќе трае најмалку две години, а првата задача е да се установи дали некогаш постоел живот на Марс. Денес е тешко да се верува дека на Марс има некаков живот, барем на неговата површина. Станува збор за студена пустина без вода.
Специјалистот Кен Фарли рекол дека не било секогаш така, а научниците сакаат во кратерот да пронајдат докази дека микробите би можеле да преживеат или дури да докажат за речиси згаснат живот.
Спуштањето на роверот во кратерот ќе ѝ овозможи на НАСА да го пребараат коритото на пресушената река каде некогаш течела вода до езерото. Овде веројатно се наоѓаат минерали богати со хранливи материи, што претставува идеално место за развој на живот.
Роверот е опремен со бројни научни инструменти такашто претставува мобилна лабораторија. Помеѓу нив има радар за копно и пет резервоари за собирање примероци од копното кои еден ден ќе бидат доставени на Земјата. Исто така има и камера со висока технологија.
Извор: Klix.ba