Речиси 14 проценти од вкупниот интернет сообраќај го генерира Netflix, говорат новите податоци од компанијата Sandvine. Тоа прави стриминг гигантот да претставува доминантен извор на сообраќај. BitTorrent е наведен на петтото место, а за тоа најмногу придонесува интернет сообраќајот од Азиско-пацифичкиот регион, каде што овој протокол за делење фајлови дури и го надминува Netflix.

Во текот на годините, внимателно ги следевме различните извештаи за промените во Интернет сообраќајот, посебно во однос на BitTorrent.

Многу од нив доаѓаат од Canadian broadband management компанијата Sandvine, која често се фокусира на популарноста на различните видови сообраќај во одредени региони.

Тоа исто така беше случај пред неколку недели, кога нивниот извештај откри кои извори најмногу создаваат и преземаат сообраќај во различните региони на светот. Тој откри дека BitTorrent се уште е многу жилав.

Кога сите сообраќаи од изворите ширум светот ќе се комбинираат, Netflix излегува како јасен победник со 13,75 проценти вкупен удел во сообраќајот. Стриминг гигантот го следат HTTPS Media податоците (12,25%) и YouTube (10,51%). BitTorrent се наоѓа на петтото место со 4,10% вкупен интеренет сообраќај на глобално ниво, во најголем дел генериран од EMEA (Европа, Блиски исток и Африка) и APAC (Азија-Пацифик) регионите.