Кинеската компанија 90Fun осмисли паметен куфер кој може самиот да го следи својот сопственик. Куферот се вика 90 Fun Puppy 1 и е развиен во соработка со компанијата Segway, па се движи како нивните возила – се балансира себеси и товарот што го носи на две тркала и така се движи.

Засега не се знае многу за начинот на кој што работи овој модерен багаж. Производителот наведува дека Puppy 1 може како куче да го следи својот сопственик (оттука и името на куферот) или пак може да дојде до него ако го викне. Компанијата наведува дека наредбите на куферот му се даваат на растојание, но не наведуваат дали сопственикот мора со себе да има некој посебен далечински управувач или со куферот се комуницира преку мобилен телефон.

Се разбира, и овој производ ќе биде претставен на овогодишното издание на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, CES во Лас Вегас, а почетокот на продажбата во САД по засега непозната цена се очекува во текот на оваа година.

Извор: Bug.hr