По една недела од најавата, новата корисна функција на Messenger стигна до првите корисници. Станува збор за бришењето на испратените пораки, што ќе им дојде многу добро на оние што пишуваат во афект.
Колку и да е слична на функцијата која веќе долго ја има на WhatsApp, на Messenger нештата сепак ќе бидат поинакви.
1. Само десет минути за бришење
Како прво, треба да имате на ум дека имате само 10 минути да ја избришете испратената порака, а тоа се прави така што го држите прстот на текстот додека не се појави „Избриши“ на дното од екранот.
Потоа, слично како и на WhatsApp, ќе мора уште еднаш да потврдите дека сакате да ја избришете пораката од сите уреди.
2. Може да ве пријават
Потоа ќе се појави известување дека трајно ја бришете пораката, па другата страна ќе види дека е избришана и ќе може да пријави во случај на проблематична содржина.
3. Facebook се осигура
Facebook ќе ја задржи уште некое време избришаната порака, во случај таа да е предмет на жалба.
Опцијата за бришење на пораката стигна во Полска, Боливија, Колумбија и во Литванија, а прашање на време е кога ќе стигне и во другите земји.
Оваа функција на WhatsApp ја има од 2017 година, а таму за бришење на пораката имате дури еден час.
Извор: Tportal.hr