Најновиот руски повеќенаменски ловец „Су-57″ ќе почне сериски да се произведува со камуфлажа со пиксел арт технологија“, изјави за руската телевизија „Звезда”, директорот на Конструкторското биро „Сухој”, Михаил Стрелец.

Директорот истакна дека благодарение на напредните радарско-набљудувачки и електронски компоненти кои се дел од целиот овој комплекс, авионот е способен да зафати до 30 воздушни цели вклучувајќи и крстосувачки ракети. Таквата можност стана реална кога ги распоредивме радарските антени по целиот корпус на леталото, истакнува воздухопловниот конструктор.

„До појавувањето на авионот „Су-57″, како кај нас, така и кај нашите странски партнери, постоеше само еден локатор кој се наоѓаше во носниот дел на авионот“, напоменува генералниот директор на конструкторското биро.

Су-57 е повеќенаменски авион-ловец од петта генерација, проектиран и развиен од бирото „Сухој“ со примена на технологијата на намалена радарска рефлексија. Наменет е за борба против воздушни, копнени и поморски цели на непријателот кои се заштитени со ПВО-средства, како и за операции за длабинско извидување и уништување на системите за командување и управување со авијацијата на непријателот.

Телевизијата Звезда, која е блиска до Кремљ, сними два Су-57 од рампа на карго авион Ан-12. Според прилично зелената сценографија во позадина, видеото кое нема датум најверојатно е снимено летоска или на почетокот на есента.

Првите оперативни авиони Су-57 се очекуваат во единиците на ВКС во 2019 година.