Новото видео од тимот на JerryRigEverything го става новиот iPad Pro на ултимативен тест на издржливост. Не е едноставно да се гледа вакво видео, ако не ви се допаѓа уништувањето на технологијата. Но, поради образовни цели, новиот iPad Pro и Apple Pencil беа подлегнати на тест на гребење, оган и вообичаениот тест на свиткување.
Таблетот не го поднесува добро гребењето ниту на алуминиумот, ниту на патентираното сафирно стакло кое ја штити камерата. Како што ќе видите, анодизацијата лесно се губи, а објективите на камерата, исто така, лесно се уништуваат.
Најинтересениот и штетен, сепак е вистинскиот текс на свиткување. Видеото покажува колку е едноставно да се свитка iPad Pro на половина. За жал, ова не е некоја нова технологија на Apple и не гледаме флексибилен iPad Pro. Секако дека ова нема намерно да го правите со вашиот iPad Pro, но откако ќе го видите ова видео, веројатно два пати ќе проверите случајно да не седнете на него. Погледнете го видеото подолу:
Поврзани артикли