Google ја претстави новата надградба на Google Maps апликацијата и сега може да ја видиме Земјата како 3D глобус, а не како рамна површина. Со оваа опција се овозможува подетален приказ на нашата планета.

Google Maps досега ја прикажуваше Земјата на рамна површина, со што се даваше неправилен изглед на некои области. Како пример се посочуваа Гренланд и Африка, на старата мапа Гренланд беше поголем од Африка, додека Африка во реалноста е 14 пати поголема од арктичкиот остров.

Оваа промена засега е достапна само во десктоп верзија на апликацијата, но наскоро ќе биде достапна и за мобилните уреди.

Извор: B92.net