Компанијата Huawei веќе неколку месеци работи на својот сопствен гласовен асистент наменет за глобалниот пазар.
Huawei веќе го претстави својот гласовен асистент Xiaoyi на кинескиот пазар по пат на сопствениот паметен звучник AI Cube.
Истиот звучник се појави и на европскиот пазар, но не со гласовниот асистент на Huawei, туку со Alexa на Amazon.
Развојот на гласовниот асистент за глобалниот пазар го потврди и самиот главен извршен директор на компанијата, Ричард Ју, во интервју за CNBC.
Главниот извршен директор на кинеската корпорација истакнува дека соработката со Amazon и Google на глобалниот пазар ќе продолжи што се однесува до гласовните асистенти, се додека тоа е потребно, односно додека Huawei не заврши со развојот и прилагодувањето на сопствениот асистент на меѓундародниот пазар.
Засега не се прецизирани временските рамки кога Huawei би требало да го претстави својот асистент надвор од Кина.
Поврзани артикли