Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг им нареди на своите менаџери да почнат да користат исклучиво Android уреди, објави Њујорк Тајмс.
Оваа одлука дојде откако директорот на Apple, Тим Кук ја критикуваше социјалната мрежа во едно интервју и изјави дека Facebook е сервис кој заработува од нашиот личен живот.
Во своите коментари, Кук одби да одговори што би направил кога би се наоѓал на местото на Марк Цукерберг, кој се соочува со бројни скандали во врска со протекување на личните податоци на корисниците, но напомена дека “тој никогаш не би се нашол во таква ситуација”.
Овие коментари го разбеснеа Цукерберг, поради што им нареди на своите вработени да користат исклучиво Android уреди – бидејќи во прашање е најпопуларниот оперативен систем на светот.
Сепак, се чини дека сите не ја сфатија сериозно оваа препорака, бидејќи социјалните мрежи открија дека неколку клучни луѓе и натаму го користат iPhone.
Поврзани артикли