Иако не гледаме вакви нешта често, тоа не значи дека тие се најретката појава. Соларна бура се случила и во 1859 година, па комуникациските системи ширум светот биле прекинати. Но, ако денеска се случи нешто такво, штетата ќе биде далку поголема.

Првото нешто што ќе ја погоди Земјата е бран од Џ-зраци и ултравиолетова светлина, што може да ја јонизира атмосферата и да предизвика пречки во радио комуникациите. Потоа може да има голема радијациска бура, што ќе биде голем проблем за астронаутите. Короналното масовно исфрлување е маса која се движи бавно и е составена од наелектризирани честички, кои кога ќе дојдат до планетата, стапуваат во интеракција со електромагнетното поле и произведуваат екстремно силни електрични флуктуации. Тоа би предизвикало домино ефект кој е приближен на оние кои се случуваат во апокалиптичните филмови. Сето она кое се базира на сателити ќе се запали, што значи нема да има „GPS“, автоматски машини, кредитни трансакции, прекин на електричната енергија. Се разбира, ако се случи огромни трансформатори да бидат уништени истовремено, ќе биде потребно многу време и пари за да се променат.

Нема шанса да се знае сигурно кога би можело да се случи вакво сценарио, но научниците проценуваат дека вакви бури се случуваат на секои 100 години, а последната ваква бура ја погодила Земјата во 1859 година. Па тоа значи дека следната би се случила и не во толку далечна иднина. Но, што може да се направи како превенција?

Иако звучи чудно, одговорот е џиновски вселенски чадор. Со џиновски се мисли на големина колку Земјата. Не се работи за физички објект, интерпланетарен чадор, кој може да го блокира Сонцето. Туку, се мисли на моќно магнетно поле кое може да ги одврати наелектризираните честички од соларната бура, без да има штети.

Според научниците, можноста за креирање на вакво нешто постои и може да се реализира за одредно време и се разбира, одредена сума на пари.

Извор: Факултети.мк